До здраво срце ве делат само 6 чекори

21 јули, 20200
srce

Здравото срце се смета за темел на здравиот живот, па затоа добро е да направите нешто сами за себе.

Со помош на овие 6 едноставни чекори Вашето срце и понатаму ќе продолжи со  здравата работа.

Почнете веднаш:

1. Вежбање

1 час во денот е доволно за да го одржите здравјето на срцето. Не морате да одите во фитнес центар, туку доволно е да пешачите или да направите вежби за истегнување во домашни услови.

do-zdravo-srce-ve-delat-6-cekori2

2. Храна

Сигурно веќе знаете дека здравата храна е задолжителна за здравото срце. Како редовна храна треба да консумирате житарки, овошје, зеленчук…

do-zdravo-srce-ve-delat-6-cekori-3

3. Пушење

Оваа лоша навика го зголемува ризикот од срцеви заболувања за 2 до 4 пати. Пасивното пушење го зголемува тој ризик дури за 30 проценти. Па затоа следниот пат кога ќе посакате да запалите цигара, пробајте да пиете вода, сок или на било кој начин да си го свртите вниманието.

do-zdravo-srce-ve-delat-6-cekori-4

4. Стрес 

Стресот секојдневно влијае на здравјето на вашето срце. Тој остава последици, а исто така ве поттикнува повеќе да пушите цигари (доколку сте пушач), да пиете алкохол и нездраво да се храните. Пробајте да се опуштите со јога, медитација, музика, филм или читање книги.

do-zdravo-srce-ve-delat-6-cekori-5

5. Дебелина

Дебелината е уште еден фактор кој влијае на срцето, затоа е важно да се одржува здрава физичка тежина. Вишокот на килограми го става срцето под притисок, кое мора повеќе да работи за да го одржи телото нормално да функционира.

do-zdravo-srce-ve-delat-6-cekori-7

6. Намалете на солта 

Употребата на големо количество на сол во оброкот го крева крвниот притисок и така се зголемува шансата за заболување од срцеви болести. За да се навикнете на помало количество на сол не додавајте ја во веќе зготвената храна. Исто така имајте на ум дека во готовите супи, паштети, салами се крие огромно количество на сол.

do-zdravo-srce-ve-delat-6-cekori-8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi