Доброволците кои ја примиле вакцината на Фајзер против Ковид 19 откриваат кои нус-појави ги имале

11 ноември, 2020
vakcina-koronavirus-rukavice-830x0

Мамурлак, треска и болки во телото се најчестите симптоми што ги доживеале волонтери кои учествувале во тестирањето на вакцината на Фајзер за ковид 19.


Кери (45) се пријави да учествува во тестирањето затоа што верува дека нејзина граѓанска должност е да му помогне на човештвото. – Мислата дека можам да направам нешто за да спречам ширење на болеста, да придонесам луѓето да не ги изгубат своите најблиски поради „ковид 19“, беше мојот двигател – рече Кери.

Првата доза на вакцина ја примила во септември, а втората после еден месец.


Имав главоболка, треска и болки во мускулите, истите симптоми како и откако бев вакцинирана со вакцината за сезонски грип – откри Кери. Глен Дешиелс (44) од Тексас ги спореди несаканите ефекти со „тежок мамурлак“. Таа рече дека по вакцинирањето закажала тест за антитела, што било позитивно, па затоа е убедена дека не добила плацебо, туку вистинска вакцина.

– Мојата имунолошка реакција на вакцината беше добра и многу сум возбуден по веста дека покажа до 90% ефикасност – вели Глен Брајан, инженер по потекло од Рим, кој живее во Грузија, изјави дека верува дека добил плацебо.

– По вакцинацијата, немав никаков имунолошки одговор, и наскоро добив ковид 19 откако ја сретнав ќерка ми која беше позитивна на вирусот корона. Целото мое семејство на крајот доби ковид 19, но сите имавме многу благи симптоми и брзо се опоравивме – рече Брајан.