Докторите го открија најраниот знак на корона вирусот: Пред да се развие вирусот, се појавува овој симптом!

29 април, 20200
korona

Идентификувањето и разбирањето на потенцијалните симптоми на овој вирус е исклучително важно, велат лекарите.

Раното откривање, ги зголемува шансите за заздравување. До сега знаевме дека треска, кашлица и губење на мирис и вкус се јасни симптоми. Сепак, Светската здравствена организација има наведено уште еден симптом за кој велат дека може да биде најраниот показател за корона.

Ненадејните промени на кожата може да укажуваат на тоа дека организмот е нападнат од овој вирус.

Осипот во форма на ситни дамки, светло црвена боја, може да укаже на инфекција.

Според податоците на италијанските лекари, еден од пет лица хоспитализирани поради корона вирусот ја имала оваа промена на кожата. “Осипот може да биде најраниот симптом, а честопати и единствениот. Во повеќето случаи, пред да напредува болеста, се случува оваа промена на кожата”, велат лекарите.

Еве што велат експертите:

Д-р Ренди Џејкобс, асистент професор по дерматологија на Универзитетот во Калифорнија, зборуваше за 67-годишен пациент кој бил заразен со корона. Тој прво имал симптом кој личеле на обична настинка, но една недела подоцна се појавил осип на внатрешноста на бутот, по што му беше дијагностициран корона вирус.

Тој додаде дека во повеќето случаи овој симптом се јавува кај луѓе кои страдаат од автоимуно заболување, објави весникот „Експрес“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi