Докторите на една група пациенти им препишале СМЕА, а на другата ЛЕКОВИ: Резултатите се неверојатни!

22 јуни, 20200
smea

Ако страдате од дијабетес, што по правило го ослабува срцето, треба да се натерате да ви стане навика една многу корисна и благородна работа – смеа.

Покрај класичната терапија, истражувачите им препорачале дневна доза на хумор на дијабетичарите во форма на половина час гледање ТВ комедија или смешно видео.

Втората група испитаници добиле само стандардни лекови, без време издвоено за забава. Кај насмеаните пациенти резултатите биле фантастични, но кај другите …

Резултатите покажале дека пациентите од првата група значително го намалиле ризикот од развој на срцеви заболувања. Имале околу 26 проценти повеќе корисен холестерол, додека во втората група се зголемил за само три проценти.

Кај насмеаните пациенти, нивото на Ц-реактивен протеин, маркер за воспалителни процеси кои го оштетуваат срцето, се намалил за 66 проценти, а кај другата група за само 25 проценти.„Смеата ги запира стресните хормони и затоа е најдобриот лек за него. Да не заборавиме дека стресот може да биде смртоносен“ – вели д-р Ли Бурк од универзитетот Лома Линда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *