Дознајте зошто сте секогаш гладни во самоизолација!

2 април, 20200
јадење

Самоизолацијата во време на коронавирусот може да влијае на менталното здравје, но и на нашата линија.

Периодот на епидемија е многу стресен и тежок, а познато е дека многу луѓе јадат повеќе кога се изложени на стрес. Јадењето на нервна база никако не е добро, а многу е веројатно дека ќе качите и некое кило плус.

Дознајте ги причините зошто се фаќате често за вратата на фрижидерот, барајќи нешто да грицнете.


Всушност, вие сте жедни

Често се случува жедта да ја замениме со глад. Гледајте секогаш да пиете доволно вода и тоа не само кога ќе почувствувате жед, туку во секое време. 

Чаша вода навистина може да го подобри расположението.

Под стрес сте

Многу луѓе бараат утеха во храната кога се под стрес, кога се тажни, или имаат други психички проблеми, а реално не се гладни.

Свесно запрашајте се зошто баш сега сакате да јадете… Дали зашто сте навистина гладни, или ви е потребно нешто за да ги оттргнете мислите?

Не сте баш гладни, а повторно јадете

Пребрзо јадевте, додека во исто време работевте нешто друго (на пример, додека седите пред компјутер и прегледувате вести и мејлови).

Токму тоа доведува до ситуација да не приметиме кога сме сити. 

Затоа, јадете полека, свесно и обидете се да се концентрирате на јадењето.   

Досадно ви е

Немате ништо попаметно да правите, па се фрлате на јадење. Пред да почнете да правите сендвич од досада, прошетајте во дворот, или исчистете го купатилото. На тој начин ќе заборавите на чувството на глад кое всушност и не е реално.

Немате рутина

Ако сте од оние луѓе кои редовно појадуваат секој ден, ручаат и вечераат во исто време, тогаш веројатно поретко се борите со чувството на глад. 

Ако телото нема рутина за јадење, често се јавува напад на глад. Затоа, обидете се да ги планирате оброците во точно определено време.  

Исцрпени сте

Кога сме изморени, обично јадеме за да го наполниме телото со енергија. 

Но, во такви моменти често посегнуваме по слатки, а тоа не е добро. Шеќерот во крвта брзо се покачува, а потоа уште побрзо паѓа. Набрзо потоа сме повторно гладни. 

Затоа, подобро изедете нешто здраво, како овошје или зеленчук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi