Експретите откриваат: Дали откажувањето на цигари навистина го зголемува стресот?

27 јули, 20200
pusaci

Пушачите велат дека цигарата има смирувачко дејство

Повеќето пушачи тврдат дека цигарите „ги смируваат нервите“, но тоа се случува само затоа што апстинираат од последната цигара, велат британските истражувачи.

Тие откриле дека откажувањето од пушењето е подобар начин за намалување на стресот во животот.

Главниот автор на студијата, д-р Питер Хајек вели дека пушачите чувствуваат постојана потреба од никотин, така што неговиот недостаток меѓу цигарите им предизвикува стрес.

Нивото на стрес кај испитаниците кои се откажале од пушењето се намалило за над 15 проценти по една година, наспроти помалку од 4 проценти кај оние кои не можеле да се откажат од пушењето.

Според студијата на група британски научници од „Кингс колеџ во Лондон“ и од Универзитетот „Саутемптон“, објавена во британскиот журнал за психијатрија, пушачите кои се откажале од пушењето имаат долгорочно намалување на вознемиреност и анксиозност, додека кај оние кои не успеваат доаѓа до нивно зголемување.

Научниците дошле до тој заклучок со набудување на 491 пушачи, учесници во програма за одвикнување од пушење, во која се комбинира психотерапија, едукација и третман со лекови. Тие преку прашалник го мереле нивото на стрес пред прекин на пушењето, и шест месеци подоцна.

Резултатот покажа дека кај пациенти кои успеале да се откажат од пушењето, имало поголемо намалување на вознемиреноста отколку кај пациенти кои не успеале. Тенденцијата била поизразена кај луѓе со некои ментални заболувања.

Универзитетот во Лондон спроведе студија во која учествуваа 6.500 луѓе, а беа анализирани нивните навики за пушење и менталното здравје. Повеќе од 18% од пушачите пријавиле проблем со вознемиреност и депресија, во споредба со 10% од непушачите и 11,3% од поранешните пушачи.

Покрај тоа, експертите велат дека постои можност цигарите да бидат причина за анксиозност. Студијата исто така покажа дека луѓето кои се откажале од цигарите имаат исти шанси да развијат депресија или вознемиреност како непушачите. Резултатите од студијата посочуваат дека престанокот на пушењето може да биде еден од начините за подобрување на вашето ментално здравје.

„Верувањето дека цигарите го намалуваат стресот е целосно погрешно. Всушност, кога запалите цигара, она што го чувствувате тогаш се првите знаци на зависност, а симптомите се слични на оние кога ослободувате стрес. Повлекувањето дим од цигари во моментот е пријатно за пушачите затоа што потребата за цигара е задоволена, што ги прави да се чувствуваат подобро. Сепак, тоа се само првите знаци на зависност од никотин, а потоа сè оди во круг, цигара по цигара “, објаснува д-р Мајк Најптон.

Според истражувањето спроведено во Велика Британија, дури третина од пушачите изјавиле дека не можат да се откажат од пушењето затоа што веруваат дека цигарите им помагаат да се справат со стресот.

„Ако мислите дека помага, не сте во право – цигарите само ги влошуваат стресните симптоми“, додава д-р Наптон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi