Еве ја вистината: Дали обилна доза на витамински суплементи може да ве спаси од КОРОНА ВИРУСОТ?!

10 ноември, 2020
суплементи

Луѓето дури почнаа да претеруваат со внесот на витамини, а експертите откриваат дали тие се во право!

До ручекот, Карен Камингс-Палмер (50) веќе конзумирала доволно портокали за да ја покрие дневната доза на витамин Ц, три филети од лосос полни со омега-3 масни киселини и ја зголемила тројно дневната доза на витамин Д.

Вечерта, таа додава лажица адаптогени – растенија за кои се вели дека го намалуваат холестеролот, а потоа и магнезиумот, претежно за релаксација. Следната недела, таа планира да воведе уште една капсула од витамин Д навечер, само за да биде сигурна дека нема да фати корона. Иако ова звучи премногу, Карен верува дека ваквите навики, иако доста ја чинат на месечно ниво, се од витално значење за време на пандемијата.


И таа е само еден пример. Не само во Велика Британија, туку низ целиот свет. На најголемиот форум за родители „Мамснет“ се прават повеќе од 500 дискусии на тема витамини за зајакнување на имунитетот против вирусот. Во меѓувреме, илјадници групи се претставени на Фејсбук со иста тема – колку витамини се доволни?
Дејли Дарли(59), писателка е член на неколку такви групи па покрај интересот за додатоци во исхраната кој започна минатата година откако и беше дијагностицирана остеопороза. Тогаш лекарот и препишал таблети витамин Б12 и калциум. Кога започна и пандемијата на корона вирусот, таа прочита некаде на Фејсбук дека помага и внесување големи дози на витамин Б12. И лекарот се согласи да и препише поголема доза.

Мислам дека сега не е време да бидеме во лоша здравствена состојба – рече таа, додавајќи дека нејзиното „мени“ вклучува шест дневни капсули со антиоксидансот куркума, двојно повеќе од препорачаниот внес на омега-3 масни киселини и десет пати поголема доза на витамин Д од препорачаната.

Дури и не се сеќавам кога последен пат сум настинала. Убедена сум дека витамините имаат влијание – посочува таа. Ко-основачите на популарната страница на Фејсбук “Vitamin D & Co-Factors UK” дури објавија борба против вирусот со додатоци во исхраната, иако немаат здравствени квалификации, па препорачуваат 12 капсули витамин Д на ден, во вредност колку 100 јајца, витамин К и минерал кој се наоѓа во копарот и авокадото.

Тоа се другите два додатоци кои ќе се спротивстават на штетните ефекти од вишокот на витамин Д, кои вклучуваат гадење, напади, па дури и смрт.

Иако здравствените работници никогаш не би ги препорачале овие дози, мега-дозерите се сигурни дека „делуваат“.

Па, дали се во право?

Истражувачите откриле дека тешко болните пациенти имаат четири пати поголема веројатност да имаат недостаток на есенцијални витамини, а долго време е докажано дека витаминот Д помага во борбата против ковидот, бидејќи ги „изострува“ Т-клетките и ги прави поефикасни при инфекции.

Витаминот Д инаку е многу тешко да се внесе преку храната. Најдобро се апсорбира од изложување на сонце, но и со додатоци во исхрана.

Изненадувачки е дека експертите велат дека овие луѓе можеби се во право. Пријавени се само неколку случаи на труење со витамин Д – вели д-р Мартин Хевинсон, професор по молекуларна ендокринологија на Универзитетот во Бирмингем – Студиите покажуваат дека приближно 50 mg на ден, пет пати поголема од препорачаната количина, е максималната придобивка од витамин Д. Дебелите луѓе имаат проблем со апсорпција на витамини во крвотокот, па затоа ќе им треба повеќе. Тој е еден од научниците кои ја водат кампањата на Националната здравствена служба на Велика Британија да го удвои препорачаниот дневен внес на витамин Д на 20 мг.

А што е со другите витамини?

Официјалните препораки ја потценуваат количината на потребни хранливи материи, според диетичарката Урсула Пилпот.

Нашиот препорачан дневен внес се заснова на избегнување на недостатоци. Но, поради генетски варијации, на некои ќе им треба многу повеќе витамин Д, калциум или железо за оптимално ниво на енергија, здравје на коските и имунолошко функционирање.

Зарем здравата и урамнотежена исхрана не е решението? Не мора, ако ја прашате Пилот.

Приближно една третина од луѓето имаат малку витамин Д. Јадењето житарки наутро, сендвичот за време на ручекот и тестенините навечер нема да ви дадат доволно витамин Д, железо, витамин Ц и омега-2 масти.

Сепак, треба да се има предвид дека додатоците не можат да се земаат во неограничени количини – зголемувањето на витамините А и Е може да го отрујат организмот, а прекумерното внесување на витамин Ц може да има лаксативно дејство. Нејзиниот совет е да се одлучите за мултивитамини кои се направени во вистинска мерка. „На тоа додадете само дополнителна капсула витамин Д, калциум и железо“, заклучила таа.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris