Ги фрламе, а тие се всушност ЛЕКОВИТИ: Еве како да ги искористите семките од цреша!

29 мај, 20200
Capture

Сезоната на цреши е во тек и сите ние сакаме да уживаме во нивниот вкус. Додека се засладуваме со ова вкусно овошје, не обрнуваме внимание на семката, која е исклучително здрава.

Нашите баби и дедовци ги одвојуваа и сушеа семките за да направат чај од нив.

Чајот од овие семки е одличен лек кој успешно лекува болести на бубрезите, воспаление на уринарниот тракт и исто така е корисен за отстранување на камења во бубрезите. Научниците од Универзитетот во Мичиген внимателно ги испитале лековитите својства на семкитe и заклучиле дека тие имаат исклучително моќен дезинфекциски ефект, кој му помага на организмот да се исчисти од несакани микроорганизми.

Подготовката на чајот е многу едноставна. Семките прво треба добро да се исушат на сонце, па мал дел од нив додадете ги во литар врела вода. Оставете да вријат две минути, а потоа покријте го садот и оставете ја течноста да отстои еден час.

Конзумирајте од чајот 3-4 пати на ден, доколку сакате можете да го засладите и со мед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *