Го допирате лицето на секои 10 секунди? Еве како да се одвикнете од оваа навика!

8 јули, 20200
mkmkmk


Различни истражувања откриваат неверојатни броеви кои се однесуваат на тоа колку пати го допирате лицето за еден час. Додека некои студии тврдат дека ние го допираме лицето во просек 16 пати за само еден час, други тврдат дека ова е погрешна проценка и дека го допираме лицето до 25 пати за еден час. Без оглед какви проценки се точни, тоа е голем број и лоша навика.


Но, се чини дека луѓето дури сега ја препознаа опасноста од пренесување вируси и бактерии на овој начин. Имено, секој ден слушаме упатства за миење на рацете, но и за тоа да избегнеме допирање на лицето. Експертите се обидуваат да апелираат дека е крајно време да се откажеме од оваа лоша навика, која е особено опасна за време на тековната пандемија на коронавирус. Се покажа дека луѓето најчесто ги допираат носот, устата и очите, а тоа се патеки кои овозможуваат непречено влегување на вируси и бактерии во организмот.

Сепак, експертите потенцираат дека постојат начини да заборавите на оваа навика. За почеток, „забавувајте“ ги рацете. За таа цел, можете да користите и нараквица околу зглобот со која ќе „играте“ кога ви е здодевно, нервозно или сте под стрес.


Подмачкувањето на рацете со мрсни креми е исто така испробана и проверена техника. Знаењето дека рацете ви се мрсни, автоматски ќе ве оддалечи од допирање на лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi