Грците откриваат: Жените развиваат антитела на коронавирусот четири пати побрзо од мажите

17 август, 20200
istrazuvanje

Истражувањето го водеше тим од 18 научници од 7 универзитетски клиники

Жените во Грција развиваат антитела на коронавирусот четири пати побрзо од мажите, покажа неодамнешна студија спредводена од инфектологот Проф. Д-р Сотирис Циодрас, која беше објавена денес во медиумите.

Истражувањето, спроведено во периодот од март до април, се засноваше на резултатите од серолошките тестови во приватните и државните клиники со цел да се утврди на кои територии на Грција има поголем имунитет на ковид.

Во студијата учествувале 6.586 лица, а резултатите покажале дека жените (0,78%) произведуваат антитела четири пати побрзо од мажите (0,22%).

Повеќето случаи биле испитувани од областа Атика, односно од подрачјето на Атина.

Исто така, откриено е дека повеќе мажи (56%) се разболеле во однос на жените (44%) од почетокот на епидемијата во оваа земја.

Истражувањето го водеше тим од 18 научници од 7 универзитетски клиники, предводени од сега познатиот професор. Д-р Сотирис Циодрас, кој раководи со Кризниот штаб во Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *