Гумата за џвакање влијае на сите овие работи

1 октомври, 2020
chewing-gum

Во текот на 19 век во САД, американската армија им давала гуми за џвакање на своите луѓе со цел да се намали напнатоста, и оттогаш тие започнале да се шират низ целиот свет. Експертите тврдат дека гумата за џвакање не е само навика која го освежува здивот, туку влијае и на некои други работи во нашето тело.

1601452687_Depositphotos_313997936_s-2019.jpg

Гумите за џвакање без шеќер ги убиваат бактериите и штити од кариес и гингивит со лачење на дополнителна плунка што ги мие киселините и остатоците од храна. Оние со шеќер треба да се избегнуваат бидејќи тој останува на забите, па може да се развие кариес. Џвакањето го забрзува пулсот и го зголемува протокот на крв – на овој начин се будиме, размислуваме побрзо и подобро и донесуваме одлуки. Ефектот не е долготраен, но ако сакате да ја подобрите концентрацијата, земете гуми за џвакање пред или за време на одредена задача.

Експертите исто така велат дека помагаат при слабеење затоа што го намалуваат апетитот. Ако ги консумирате наутро, не сте толку гладни во текот на денот, а бидејќи имаат малку калории, можете да ги земате секогаш кога ќе почувствувате потреба за закуски помеѓу оброците.

Тие ја зголемуваат потрошувачката на енергија и го забрзуваат метаболизмот. Сепак, бидете внимателни – гумите за џвакање не треба да бидат замена за главните оброци во текот на денот. Не можете да го скриете вашиот глад, особено кога станува интензивен, па лесно може да се случи да се прејадете на крајот на денот.

Дополнителното производство на плунка помага против утринска мачнина. Меѓутоа, ако имате чувствителен стомак или варење, избегнувајте гума за џвакање. Кога џвакате, голтате мала количина на воздух и го исполнувате стомакот со гасови што можат да предизвикаат надуеност.