Хобито може да помогне да се спречи депресија – студија

6 јуни, 20200
hobi

Хоби

Според новите истражувања во Велика Британија, ризикот и развојот на депресија се намалува доколку имате хоби.

Истражувачите од Универзитетскиот Колеџ Лондон, кои ја спроведоа оваа студија, секоја година од 2004/5 до 2016/17 набљудуваа 8.780 луѓе на возраст од 50 години и ги оценуваа со текот на стареењето.

На почетокот на студијата, 71,9% од учесниците изјавиле дека имаат хоби, додека 15,6% биле на прагот на депресија. Истражувачите за време на студијата откриле дека, започнувањето на хоби се чини дека е поврзано со 30% намалување на ризикот од доживување на депресија, како и со намалување на депресивните симптоми и кај мажите и кај жените.

Покрај тоа, откритијата беа конзистентни кај оние кои страдаа од депресија на почетокот на студијата, како и оние кои беа без депресија.

Понатамошна анализа на учесниците кои немале депресија или хоби на почетокот на студијата, исто така, покажа дека започнуње хоби е поврзано со 32% намалена шанса за развој на депресија. За оние кои имале депресија и немале хоби, почнување на било каков вид хоби покажало подобрување на депресивните симптоми и 272% поголема шанса да закрепнат од таа депресија.

Истражувачите, ги охрабруваат пациентите да се вклучат во групни активности што вклучуваат хоби, како што се компонирање музика, цртање, изработка на ракотворби, како што се шиење, столарија, се што може да понуди шанса да бидат креативни, да се изразат и да се релаксираат.

Иако тие не проценија дали учесниците учествувале во хоби со други луѓе, истражувачите велат дека нивните анализи постојано покажувале позитивните наоди независно од каква било социјална интеракција со други луѓе. Сепак, додаваат дека понатамошните истраги би можеле да откријат дали социјалното хоби има уште посилен ефект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi