Како Џенифер Анистон успеа да го врати Бред Пит? Оваа тајна ја открива нејзиниот личен тренер :)

16 април, 20200
naslovna

Ако ѕвездата на серијата е по нешто позната (покрај актерската кариера и врската со Бред Пит), тоа е нејзиното беспрекорно тело.

Актерката во повеќе наврати објасни дека јогата е таа за која смета дека е одговорна за нејзините совршено формирани мускули, но факт е дека Џенифер исто така сериозно тренира.

Лејон Азубуике – тренер на многу познати личности, откри што подразбира тренингот на Џенифер Анистон и ја истакна важноста на јога-делот во нејзиниот тренинг, елементи што актерката ги користи за време на загревањето.

Загревање

Ова е многу важна ставка во тренингот на актерката и нејзиното загревање, што подразбира истегнување 15 минути пред да започне со посериозни и интензивни вежби.

Budokon [longevity live]

За да започне со циркулацијата, Џенифер трча во место, обидувајќи се да ги допре задникот со нејзините потпетици.

Задолжителен дел од тренингот е познатата вежба jumping jacks – истегнете ги рацете високо над главата, а нозете широко раширени. Скокајте во ритам така што рацете и нозете ќе се шират при секој скок.

Budokon [longevity live]

Двапати 15 повторувања секоја од нив.

Последната фаза на загревање и поттикнување на циркулацијата е прескокнување на јаже од најмалку пет минути.

Горниот дел од телото:

За завиден тонус на рацете на Џенифер Анистон одговорен е боксот, но актерката смета дека боксот е многу повеќе од физичка вежба.

“Има нешто во врска со менталниот аспект на овој спорт – тоа е во фокусот и вежбањето. Мозокот треба да работи. Не е како да седите само на велосипед. Прилично е супер”, објасни актерката.

Основни:

Кога станува збор за централните мускули на нејзиното тело кои го поддржуваат ‘рбетот, а секако и стомакот – Џенифер исклучиво вежба пленкови. Во сите можни варијации.

Пленк или издржливост актерката вежба со потпирање на лактите, потоа се спуштање, потоа од секоја страна и крајот висок пленк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi