Како изгледаaт бели дробови на заболен од Корона вирус. Тажно :(

31 март, 20200
kk

Коронавирусот може многу брзо да предизвика оштетување на белите дробови, предупреди шефот на торакална хирургија во универзитетската болница Џорџ Вашингтон во САД, Кит Мортман. Тој објави видео од бели дробови на заболен човек со „Ковид-19“, во кое повикува сите да го сфатат сериозно коронавирусот.

На видеото се прикажани белите дробови на човекот кој, само неколку дена порано, немал симптоми предизвикани од коронавирус.

– Пациентот има Ковид-19 и неговите бели дробови не функционираат нормално, рече д-р. Кит Мортман, пренесува CNN.

Како што објаснува др. Мортман, снимките покажуваат големо оштетување на белите дробови кај 59-годишен маж со висок крвен притисок. Тој е приклучен на респиратор, и покрај тоа што респираторот работи со најсилниот капацитет, тоа не е доволно за неговите бели дробови.

– Му беше потребна и помош од уред кој помага при циркулацијата на крвта и снабдување со кислород. Не е дијабетичен пациент, неговиот имунитет не е слаб. Покрај високиот крвен притисок, тој нема други значајни здравствени проблеми, истакна Мортман.

На видеото се прикажани области означени со жолта боја. Тие претставуваат заразени и воспалени делови на белите дробови, додека кај здрави пациенти овие жолти делови се отсутни.

– Од скенирањето е јасно дека штетата не е локализирана во една област, туку опфаќа огромни области на двата бели дробови, што покажува колку брзо и агресивно може да дојде до инфекција, дури и кај помлади пациенти. За овие пациенти кои имаат прогресивна респираторна слабост, оштетувањето на белите дробови е брзо и распространето.

За жал, откако ќе бидат оштетени до овој степен, потребно е многу време за да се излечат. За околу 2 до 4 проценти од пациентите штетата е неповратна и тие ќе умрат, објасни Др. Мортман.

Докторот истакнал дека коронавирусот е од респираторна природа, а телото се бори со него со воспаление, но симптомите не можат да опишат колку всушност вирусот влијае на телото.

– Сакам луѓето да го видат ова и да ги разберат последиците. Луѓето треба сериозно да ја сфатат оваа закана, заклучи Мортман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *