Како правилно да го чистите тоалетот во епидемија на корона вирус: што треба најчесто да дезинфицирате?

14 април, 20200
Screenshot_4

Според упатствата на експертите во епидемијата на корона вирусот, треба да посветиме поголемо внимание на хигиената на нашиот дом, што значи дека треба да се вклучи и дезинфекцијата во процесот на чистење.

Вирусот може да остане на ткаенина и разни површини во домот, а најдолго на метал. Најдобрите средства за борба против вирусот се комбинација на сапун и топла вода, 70 процентен алкохол и средства за чистење на база на хлор.

Еве која постапка за чистење на тоалетот треба да се следи за време на епидемијата на корона вирусот:

Подот – Со микрофибер крпа натопена во сапун и топла вода исчистете го подот. За чистење на плочките се препорачува средства кои содржат хлор и раствор од алкохол и дестилирана вода.

Кадата и лавабото – потопете го сунѓерот во средство базирано на хлор, премачкајте ја кадата, лавабото и туш кабината и оставете средството да остане на површината неколку минути. Потоа исчистете со топла вода и сапун и по неколку минути исплакнете со топла вода. Обрнете посебно внимание на чешмите и дополнително дезинфицирајте ги со алкохол. По дезинфекција, исчистете ја вратата од туш кабината со средство за чистење стакло.

Шољата – најдобро е да се користат јаки средства засновани на хлор. Исто така исчистете ја внатрешноста на шољата, како и даската и капакот. Оставете го средството да отстои, а потоа исплакнете. Како освежувач за шољата можете да ги користите оние што веќе содржат хлор.

Машината за перење – Во епидемијата на вирусот се препорачува да се пере облеката на високи температури, ако дозволува видот на ткаенината. Редовно чистете ја машината за перење со раствор од алкохол и дестилирана вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi