Како правилно да носите заштитна маска?

25 април, 20200
maska

Носењето заштитна маска, марама или шал станаа задолжителни, иако повеќето од нас претходно никогаш немале потреба да ги носат. Сега, тие мораат да се носат на сите јавни затворени места, но и на отворени места каде што не може да се држи препорачаното растојание од 2 метра. Но, иако изгледа едноставна процедура, не сите знаеме како правилно да носиме заштитни маски.

Запомнете: Пред ставање и вадење на маската, рацете треба да ви бидат чисти!

1. Фатете ја маската за ластичињата за уши без да ја допирате платнената површина.

2. Осигурете се дека маската ги покрива носот и устата. Така ве штити од ширење на бактериите.

3. Одредете дали маската ви одговара доколку ви е покриена брадата. На тој начин ќе обездбедите поголема заштита.

4. Осигурете ја маската во делот околу носот. Некои маски имаат метален или пластифициран дел за носот. Тој дел треба да биде убаво прицврстен за носот. Дури и да нема таков дополнителен дел, осигурајте се дека маската нема да ви падне од носот.

5. Медицинските маски не можат да ги исфрлат бактериите, за разлика од Н95 маските. Но тоа не треба да ве загрижува, треба само да се обезбедите минимален простор за циркулација на воздухот.

Која ја вадите маската, треба да ракувате со неа исто како кога ја ставате. Трудете се да не ја допирате надворешната или внатрешната страна на маската кога ја вадите бидејќи може да ја контаминирате раката доколку на вашата маска има бактерии насобрани за време на нејзиното носење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi