Колкава е сега веројатноста да умрете ако сте заразени со Корона

27 ноември, 2020
535885025fa94d49382e7776486787_v4 big

Јавноста е збунета од различни начини на пресметување на смртноста: IFR, CFR, специфична смртност и слично, но исто така и несогласувања меѓу експертите, бидејќи некои тврдат дека смртноста од Ковид е многу голема и затоа се потребни строги мерки за да се спречи ширењето на вирусот, а други кои пониско отколку што првично се сметаше и дека владите претеруваат со наметнување непотребни ограничувања како што е затворањето.

Најновата мета-анализа, односно преглед на поголем број студии, ни нуди малку поконкретен одговор и покажува дека глобалната стапка на смртност може да достигне дури 16 проценти за оние над 90 години, но нула проценти за деца под четири години.


Исто така, покажува дека стапката на смртност од Ковид 19 е малку намалена во споредба со онаа во април. Според наодите од најновата студија, повеќе од една личност на 100 лица заразени со коронавирус умреле во првиот бран на пандемијата. „Стапката на смртност е најмалку 10 или 20 пати поголема од стапката на смртност од грип“, рече епидемиологот Николас Бразео од Универзитетот „Империјал колеџ“ во Лондон.


Вистинската стапка на смртност е тешко да се процени од две причини. Прво, веројатноста за смрт од ковид 19 зависи многу од возраста, полот, здравјето и грижата. Ова значи дека стапката на смртност ќе варира од земја до земја, па дури и од место до место, бидејќи, меѓу другото, тие зависат од поддршката на здравствениот систем во таа област. Стапката на смртност е највисока во домовите за стари лица; според една студија, таа е висока дури 73 проценти во белгиските домови за стари лица. Во земји како Јужна Кореја, кои во голема мера успеаја да спречат појава на епидемија во домовите за стари лица, стапката на смртност е значително помала.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi