Колку време ќе биде потребно за да дејствува вакцината против Ковид 19

23 декември, 2020
000_8XD4RT

Повеќето вакцини за коронавирус се даваат во две дози – обично со разлика од три до четири недели – за да се зголемат нивоата на антитела и да се зголеми вашата заштита.

Целата оваа постапка обично трае околу 28 дена и завршува наскоро откако ќе ја добиете втората доза. Значи, треба да бидете целосно заштитени од ковид-19 во рок од околу еден месец. “Штом ќе ја набавите вакцината, обично има временско заостанување помеѓу примањето на вакцината и заштитата од вирусот. Ова е време на вашиот имунолошки систем да му одговори на новиот антиген и да развие меморија”, изјави доктор за инфективни болести.

Moderna i Pfizer вакцините се сметаат за ефикасни 95%. Ова е импресивно и многу поефикасно отколку што предвидуваа експертите, но исто така значи дека 5% од луѓето кои ги примаат овие вакцини нема да бидат имуни на ковид. „Тоа значи дека стотици илјади луѓе кои се вакцинираат може да бидат незаштитени“, рече Огбуагу.


Ото Јанг, професор по медицина на одделот за инфективни болести и микробиологија, имунологија и молекуларна генетика, истакнува дека возраста е еден од тие фактори. Здравствените услови што го компромитираат имунитетот, како што е ХИВ, исто така можат да влијаат на тоа колку брзо и ефикасно телото на една личност гради имунитет по вакцинацијата.

Јанг истакнува дека е од клучно значење доволно луѓе да се вакцинираат против ковид за да бидат имуни на вирусот. Но, сè додека не се постигне сето ова, потребно е да се продолжи со придржувањето кон пропишаните епидемиолошки мерки.

escort - Korsan taksi