КОНЕЧНО ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦЕЛИОТ СВЕТ! Излекуваните од корона имаат долгорочен имунитет! Не треба да се плашиме ниту од мутација

9 декември, 2020
korona

ВИЕНА – Студија на Универзитетската клиника во Инсбрук покажа дека луѓето излекувани од коронавирусот имаат стабилен долгорочен имунитет и не треба да се плашат од нови инфекции или мутации.

Учесниците во студијата, 29 од нив, биле на просечна возраст од 44 години и сите се разболеле од Ковид 19 во март, објасни шефот на студијата, Флоријан Дизенхамер.

Кај сите учесници, како што изјави за агенцијата АПА, биле откриени антитела, а по шест месеци потребни се неутрализирачки антитела за имунитет, што зборува за постојан, стабилен долгорочен имунитет.

„Сите елементи на заштитен имунитет постојат“, нагласи Дисенхамер.

Резултатите од студијата од Инсбрук се совпаѓаат со значајни меѓународни наоди, додаде тој, потсетувајќи дека истиот заклучок беше постигнат и на Исланд и Њујорк.

Тој истакна дека излекуваните не мора да се плашат од нова болест, но посочи дека има исклучоци, кои не се правило.