Корона на облеката може да се задржи до 24 часа!

18 април, 20200
облека

Неодамнешните истражувања покажале дека Ковид-19 може да преживее на различни површини, вклучувајќи ја и облеката и тоа од еден до 24 часа. Иако облеките се состојат генерално од ткаенини, тие имаат делови како метални патенти и копчиња, на кои овој опасен вирус може да се задржи и подолго од еден час.

– Чистењето на облеката по секоја употреба е од пресудно значење за стопирање на преносот на вирусот. За разлика од цврстите површини кои можеме да ги избришеме, облеката има многу слоеви на влакна и со самото тоа, површинското чистење не е доволно. Неопходно е да се пере со детергент и вода, во машина за перење, или да се исчисти хемиски- вели Рајан Мерсцај, директор на сервис за чистење од Хонг Конг.

По правило, доколку сте носеле гардероба надвор, или сте престојувале на место со многу луѓе, најдобро е да ја исперете што побрзо. Истото важи и за онаа облека која можеби дошла во допир со цврстите површини на кои вирусот преживува многу подолго.

Секако, доколку се занимавате со работа која подразбира физички контакт со луѓе, на пример во продавници или во здравство, или се грижите за лице кое е позитивно на корона, треба да преземете дополнителни мерки на претпазливост. Тогаш се советува носење на ракавици за еднократна употреба додека го допирате нечистиот веш, кои треба да ги фрлите веднаш по употребата.

Некои извори сугерираат дека избелувачот е одличен за цврсти површини, но дека не се препорачува за дезинфекција на облека, бидејќи може да ја оштети.

Доколку користите корпа за веш, се советува да ја исчистите со мешавина од избелувач и вода.

Конкретно, на литар вода се ставаат пет лажици избелувач, или на 250 мл вода- четири кафени лажички избелувач. Ако е можно, обложете ја корпата со вреќи за еднократна употреба (можете и со вреќи за ѓубре), кои би требало да ги фрлите по употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *