Луѓето имаат поголеми шанси да се заразат од корона во својот дом отколку надвор

22 јули, 20200
хјхјхј


Студијата, чии резултати беа објавени од страна на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), ги проучуваше првите заразени пациенти, 5.706 од нив, како и нивните повеќе од 59,000 контакти. Истражувањето покажало дека само две од сто заразени лица го добиле вирусот од контакти надвор од дома. Секоја десетта личност ја добила болеста од член на неговото семејство. Кога првиот заразен член на семејството бил тинејџер или личност во нивните 60-ти и 70-ти, стапката на ширење на инфекцијата била поголема, утврдиле научниците.

„Ова е веројатно затоа што постои поголема можност луѓето што припаѓаат на овие возрасни групи да бидат во поблизок контакт со членовите на семејството затоа што тие се луѓе на кои им е потребна поголема заштита или поддршка“, рече Јонг Јун-Кионг, директор на Корејскиот контролен центар и превенција на болести и еден од авторите на студијата. Најмалку веројатно дека првото заразено лице би било дете под девет години, вели д-р Чо Јанг-јуни, професор на Медицинскиот факултет „Халим“, иако забележува дека во таа возрасна група примерокот бил најмал, само 29 испитаници, додека во возрасната група од 20 до 29 години имало 1.695 испитаници. Постои поголема можност децата со КОВИД-19 да бидат асимптоматски отколку возрасните да бидат асимптоматски, така што ова го направи уште потешко да се открие првото заразено лице, ако е дете. Податоците за истражувањето беа собрани од 20 јануари до 27 март, кога епидемијата на коронавирус во Јужна Кореја беше во својот врв.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi