Мастите воопшто не се штетни за здравјето и за килограмите, доколку ги користите вака:

15 април, 20200
маснотии

Спротивно на раширените митови, мастите не се главна причина за дебелина, тврдат научниците,а за нивното таложење најчесто се задолжени јаглените хидрати како шеќерите, било што што е слатко, но и брашното.

Денес храната најчесто ја подготвуваме на масло. Професорот Мартин Грутвелд од Универзитетот Лестер во Велика Британија тврди:

“Најдобар избор се мастите во кои има корисни масни киселини како што се маслиновото масло или путерот, гускината или свинската маст. Овие масти на високи температури се стабилни и заради тоа штетните алдехиди и пероксиди во овој случај не се формираат”, вели професорот и препорачува токму овие масти да се употребуваат.

“Се додека храната не се преработува, таа е добра за телото. На пример, минимално обработеното месо е подобар избор на витамин Б од мастите од месно потекло, но неопходно е да се внесува омега 3 масни киселини од други извори”, вели тој.

Најважната работа при конзумирање на масти е да не претерувате, бидејќи тие содржат и омега 6 масти, кои можат да се складираат во проблематичните области, додавајќи ви килограми плус, но и масни наслаги на ѕидовите на крвните садови.

Експертот кажува и дека никако не смеете сосема да ги исфрлите мастите од исхраната бидејќи се неопходни меѓу другото и при градење на имунитетот, а активно учествуваат и во метаболизмот на холестеролот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *