Мажите ја обожуваат, жените се „луди“ по неа, но знаете ли како влијае БРАДАТА на корона вирусот?

21 октомври, 2020
Brada


Брадата за некои е одраз на мажественоста. За некои прашање на стил. Знаеме дека штити од брчки, УВ зрачење, но може да влијае и на хигиената кај мажите.


Покрај тоа, тоа исто така може да влијае на изложеноста на коронавирус. Барем тоа е мислењето на здравствените експерти од Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Ако им се верува, различните стилови на маски за брада или мустаќи ги прават повеќе или помалку ефикасни. Најдобро е да имате чисто, мазно лице, без влакна. Ако мажот е избричен, или носи само мустаќи, заштитната маска ќе се лепи подобро на неговото лице и со тоа поуспешно ќе ги заштити него и другите од инфекција. Од друга страна, колку повеќе влакна на лицето, толку потешко ќе се лепи маската и ќе биде помалку ефикасна во спречување на пенетрација на вирусот.