Мононуклеоза: Причина, симптоми и последици од оваа болест

3 ноември, 2020
couple-2606657_1920


Мононуклеозата се пренесува со плунка, а болеста може да се добие со бакнување или пиење од туѓа чаша или со користење туѓ прибор за јадење. Во некои ретки случаи, оваа болест може да се пренесе преку трансплантација на крв или сексуален однос.


Причини за мононуклеоза

Мононуклеозата е предизвикана од вирусот Епштајн-Бар од групата хумани херпесвируси кои остануваат неактивни во организмот цел живот. Првите симптоми се појавуваат четири до осум недели по почетокот на инфекцијата. Сите симптоми на мононуклеоза се повлекуваат за еден месец до два месеци. Честопати е тешко да се разликува мононуклеозата од обичниот грип поради сличноста на симптомите.

Симптоми на мононуклеоза

Еден од најчестите симптоми со кој се препознава мононуклеозата е оток на лимфните јазли на вратот, како и болки во грлото. Еве ги другите симптоми:

замор

воспалено грло што не поминува

температура која трае десет дена ·

отечени лимфни јазли на вратот и под пазувите

отечени крајници

главоболка

осип на кожата

мека или отечена слезина

мускулна слабост

Кои се последиците од мононуклеозата?

Оваа болест може да има лесни последици и исто така може да предизвика сериозни компликации во организмот. На пример, може да има зголемување на слезината, но и проблеми со црниот дроб. Важно е да внимавате на физичките активности и кога болеста ќе помине, особено тешките предмети не треба да се креваат или да се напрегаат за да се спречи напукнување на слезината.