Може ли марихуаната навистина да помогне при слабеењето?

1 август, 20200
marihuana

Веројатно сте чуле дека по пушењето марихуана луѓето јадат сè што е на повидок. Ова е точно затоа што истражувањата покажуваат дека пушењето марихуана влијае на механизмите кои предизвикуваат чувство на глад во нашиот мозок. Поточно, рецепторите во мозокот предизвикуваат ослободување на хормони кои предизвикуваат да се чувствуваме гладни, што резултира во ѕиркање во фрижидерот.

Но, исто така има и студии кои покажале дека консумирањето марихуана го прави токму спротивното, пишува магазинот Men’s Health.

Според истражувањето објавено во Меѓународниот весник за епидемиологија, луѓето кои пушат марихуана имаат помала веројатност да бидат со прекумерна телесна тежина или дебели во споредба со оние кои не го прават тоа. Повеќе од 30 000 учесници беа вклучени во оваа студија. Сите се здебелиле во период од три години, но оние кои пушеле марихуана помалку од другите. Научниците теоретизираат дека канабисот може да направи клеточни промени што влијаат на зголемување на телесната тежина.

Слично на тоа, една студија од 2011 година објавена во Американскиот журнал за епидемиологија заклучи дека иако консумирањето марихуана го зголемува апетитот, „луѓето кои ја користат се помалку дебели од оние што не го прават тоа“.

Други истражувања велат дека корисниците на канабис имаат потенка половина, како и пониско ниво на холестерол, во споредба со луѓето кои не користат канабис.

Причината за ова сакаа да ја дознаат истражувачите од Универзитетот во Калгари кои спроведоа студија на глувци. На дебелите глувци и на оние со нормална тежина им се даваше THC (соединение кое се наоѓа во марихуана) на дневна основа. Откриле дека иако THC немало ефект врз глувци со нормална тежина, тоа предизвикало губење на тежината кај дебелите глувци. Тие хипотезираат дека тоа е затоа што THC предизвикува промени во микробиомот на цревата кои помогнале во регулирањето на телесната тежина и варењето на храната.

Студиите спроведени во Полска, Италија, Унгарија, Канада и Велика Британија ги повториле истите откритија, при што некои дошле до заклучок дека постои врска помеѓу употребата на канабис и намалување на индексот на телесна маса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *