Можеби верувате во овие пет митови за млекото, но еве ја правата вистина

4 април, 20200
milk 2

Постојат многу дезинформации во врска со млекото и млечните производи, особено за тоа кои варијанти се најздрави за децата. Интересно е што луѓето имаат изградено свои ставови во врска со млекото кои се или позитивни или негативни. Но, ставовите се едно, а фактите се друго. Ова се најчестите митови поврзани со млекото:

Единствено здраво е полномасното млеко

Вистина: Се повеќе истражувања докажуваат дека полномасното млеко навистина има некои позитивни влијанија врз здравјето, но тврдењето дека останатите типови на млеко не се здрави и немаат никаква нутритивна вредност, не се точни. Сите варијанти на млеко имаат речиси иста количина на нутритиенти како калциум, витамин Д, протеини и калиум, а се разликуваат единствено по количината на масност.  Постојат некои тези дека на мастите во млекото им се ставаат хемикалии па затоа се верува дека полномасното млеко е подобро. Вистината е дека масноста од млекото се отстранува со процес наречен центрифугирање, а потоа се враќа назад во различни размери и варијации.

Млекото од растително потекло има иста нутритивна вредност како и кравјото млеко

Вистина: Некои потрошувачи кои користат млеко од растително потекло веруваат дека тие имаат иста нутритивна вредност како кравјото млеко. Тоа за жал, не е вистина. Иако соиното млеко нутритивно е најблиско до кравјото, останатите млека од растително потекло воопшто немаат протеини ( или имаат сосема малку). И други нутритиенти се присутни во многу помали количини, па така на пример, во оризовото млеко присутна е само една петтина од калиумот кој може да го најдеме во кравјото млеко. Ако ги купувате овие производи, обезбедете се со калциум и витамин Д од друго место, бидејќи во нив нема доволно.

Луѓето не можат да го дигестираат кравјото млеко

Вистина: Тоа што некои луѓе се интолерантни на лактоза е точно. Исто така, факт е дека овој конкретен здравствен проблем има голема врска со етницитетот, бидејќи проблемот е присутен кај речиси 90 проценти на луѓе од Источна Азија, но само кај 5 проценти на луѓе од западноевропските земји. Дури и луѓето кои се нетолерантни на лактоза можат да конзумираат мала количина на млеко и млечни производи без проблем.

На децата им е потребно многу млеко

Вистина: За се задоволат дневни количини на калциум и останати нутритиенти кои им се потребни за развој, малите деца треба да пијат по две чаши млеко на ден. Децата на возраст меѓу 4 и 8 години треба да пијат по две и пол чаши , а постарите деца и тинејџери треба да пијат по 3 чаши млеко на ден. Но луѓето често грешат занемарувајќи ги останатите млечни производи кои децата ги конзумираат. На пример, чаша јогурт или 42 грама сирење се целосна замена за чаша млеко. Многу е подобро детето да комбинира млечни производи, наместо по цел ден да пие млеко. Тоа може да му го намали апетитот, како и да го намали железото во организмот.

Чоколадното млеко содржи шеќер исто како газираните пијалоци

Вистина: Во сите видови на кравјо млеко постои одредена количина на шеќер бидејќи млекото содржи природен шеќер лактоза. Од таа причина и во чоколадното млеко половина од шеќерот е природен и затоа не е точно дека овие два производи имаат иста количина на шеќер. Млекото со вкус (како чоколадното) има преработен шеќер (2-3 чајни лажички), но има значително помала количина во споредба со газираните пијалоци (околу 10 чајни лажички). Во обичното, полномасно млеко, нема шеќер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *