Мозокот ви умира од ова: Го правите секој ден а не сте ни свесни за сериозните последици!

15 ноември, 2020
782157_profimedia0253397311_ls


Експертите од сите области на медицината кои се занимаваат со мозок истакнуваат дека некои видови храна значително го нарушуваат здравјето на мозокот, па затоа луѓето кои ја јадат редовно ризикуваат губење на меморијата или Алцхајмерова болест.

Храната особено добра за мозокот вклучува моркови, бадеми, лешници, бобинки и риба. Експертите посочуваат дека вештачките засладувачи, кои се наоѓаат во разни слатки и газирани пијалоци, се опасни за здравјето на мозокот.


Тие создаваат огромен ризик за дијабетес тип 2, што го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест. Истиот ризик се заканува како резултат на преработена храна полна со транс масти, кои вклучуваат брза храна, чипс, крекери, масни колачи, пица, пуканки од микробранова печка, маргарин и топено сирење.


Истражувањата покажуваат дека газираните сокови полни со шеќер влијаат негативно на когнитивните функции на мозокот, додека некои експерти во истражувањето наоѓаат врска помеѓу храната што содржи глутен и шизофренијата и аутизмот. Научниците предупредуваат на рибите полни со отровна жива и апелираат рибите да се јадат во умерени количини, што особено важи за бремените жени.