Мутантниот вид на “гонорејата” со пандемијата на корона вирус може да стане неизлечива болест!

23 декември, 2020
dreamstime_xl_42123495


Експертите тврдат дека гонорејата сега стана опасна болест поради зголемената употреба на антибиотици дадени на пациенти со корона вирус без валидна причина.


Супер-гонорејата е во пораст како многу заразна болест отпорна на лекови и може да стане неизлечива со пандемијата Ковид-19.

Медицинските лица на СЗО предупредија дека сексуално преносливите болести може да станат уште поотпорни на антибиотици, бидејќи нивната прекумерна употреба за време на пандемија поттикнува мутација.


Супер видот на една од најстарите сексуално преносливи болести во светот доби идеално опкружување за да се развива бидејќи светот продолжува да се бори со корона вирусот. Нелекуваната, супер гонореја може да доведе до петкратно зголемување на преносот на ХИВ и инфекции на очите кои можат да предизвикаат слепило.


Годишно има повеќе од 90 милиони случаи на гонореја во светот, а тој број расте за 17 проценти. Иако СЗО известува дека повеќето случаи се во африканскиот регион, западниот свет бележи алармантно зголемување на случаите. Американскиот ЦДЦ (Центри за контрола и превенција на болести) известува дека инфекциите се зголемени за 63 проценти од 2014 година, а до пет милиони луѓе во САД може да бидат заразени со гонореја за 10 години. Велика Британија има највисока стапка на гонореја во Европа и може да има повеќе од 420.000 нови случаи секоја година до 2030 година.


Зголемен број случаи на антибиотици кои се користат за лекување на КОВИДА-19 сега се откриени во болниците низ целиот свет. Портпарол на СЗО рече дека ова и недостатокот на медицински услуги за венерични болести во времето на пандемијата исто така може да поттикне зголемување на супергонорејата.
Професорот на универзитетот Кардиф, Филип Хауард, претседател на британското друштво за антимикробна хемотерапија, рече дека три четвртини од пациентите примени во болница во Велика Британија со сомнителна или докажана плувмонија на КОВИД добиваат антибиотици за вирусот, додека помалку од еден процент од пациентите имаат бактериска инфекција.

Слични случаи се пријавени ширум светот. Имено, една американска студија покажа дека 71 процент од пациентите со корона примале антибиотици, додека само на четири проценти им биле навистина потребни. Кевин Кокс, извршен директор на британската почетна компанија „Биотасферик лимитид“, рече дека сето ова води кон појава на супер гонореја – и предупреди дека наскоро може да стане неизлечива.


Зголемената загриженост за отпорност на еден од антибиотиците што се користат за лекување, азитромицин, го наведе ЦДЦ да ги промени препораките за третман минатата недела. Помошник на генералниот директор на СЗО за антимикробна резистенција, д-р. Ханан Балки, предупреди на опасност од непотребна употреба на антибиотици за лекување на КОВИД-19.

-Употребата на антибиотици нема да ги излечи, но ќе создаде отпорност кај бактериите што веќе постојат во нашите тела. Значи, тоа е многу комплексно сценарио, но заклучок на сè е дека антибиотиците не треба да се препишуваат ако за нив нема јасни медицински индикации – тврди тој.

escort - Korsan taksi