Најсилниот антиоксиданс во природата: Овој минерал штити од канцер, го чува срцето и го зајакнува имунитетот! Eве во кои намирници најмногу го има!

1 август, 2020
anti

Селенот е есенцијален минерал кого во организмот го има во траги, но неопходен е за живот и за нормално функционирање на организмот. Медицински гледано, микроелементите му се потребни на телото во исклучително мали количини, помалку од 50 мг на ден. Недостигот на тие елементи, од друга страна, може да предизвика сериозни физиолошки нарушувања во организмот.

Иако е многу потребен за човечкото здравје, овој минерал е откриен и признаен дури во 1970-те години.

Возрасниот човечки организам во просек содржи околу 20 мг селен, од што најголема концентрација има во еротроцтитите, бубрезите, црниот дроб, срцето, слезината и тестисите.

Неговата улога во организмот

Во телото, селенот е составен дел на околу 30 познати селенопротеини (важни антиоксидативни ензими), па дејствува како антиоксиданс и штити многу системи на организмот од оксидативни оштетувања. Составен дел е и на тропептидниот ензим, глутатион пероксидаза, најважниот антиоксидативен ензим во човечкото тело. Тој ензим е неопходен во процесот на отстранување хидроген пероксид од организмот.

Покрај огромната улога во антиоксидативната заштита на организмот, селенот исто така:

  • го штити телото од заболувања на крвните садови
  • го зајакнува имунолошкиот систем
  • го намалува ризикот од појава на многу видови рак, особено рак на дојка, желудник, грло и ректум
  • го штити телото од токсичноста на тешки метали и од загаденоста на надворешната средина
  • го забавува стареењето и помага во борбата против артритис, Кронова болес, инфекција на дишните патишта и многу болести на кожата
  • има значајна улога во работата на тироидната жлезда
  • позитивно влијае врз машката плодност
  • го подобрува антиоксидативното дејство на витамините А и Е

Најмногу селен има во пивскиот квасец и во пченичните никулци, јаткастите плодови, како што се бразилски орев и домашни ореви, јајца, путер, соја, риба (туна, бакалар и харинга), морски плодови, лук, интегрални производи од цело зрно, овесна каша и сончогледово семе.

Исто така, месото како говедско, пилешко, мисиркино, јагнешко и свинско, се одличен извор на овој минерал.