Научете како да ги ослободите болките во грбот и вратот додека работите од дома!

16 април, 20200
112483521_m

Поради сегашната состојба, многумина работат од дома, претежно од импровизирани услови за работа на масата во кујната. Ова е причината зошто многу луѓе доживуваат болка во грбот и вратот, како резултат на неправилно седење и недостаток на движење.

Ова се вежби кои ви ги препорачуваме:

Повлекувајте ги колената до градите

Оваа вежба е одличен начин да го истегнете долниот дел на грбот, и тоа е многу лесно да се направи. Легнете на подот со нозете испружени, а потоа со една рака фатете ја едната нога свиткана на коленото и повлечете ја кон градите. Останете така барем една минута. Повторете ја постапката со другата нога.

Подигање на карлицата

Втората вежба, покрај тоа што делува на грб, ги зајакнува и мускулите на абдоменот. Легнете на подот со колена свиткани и можете да ги поставите рацете како потпора под главата или да ги држите до телото. Подигнете ја карлицата, држете неколку секунди, а потоа опуштете се. Повторете ја вежбата 10 пати.

Подигање на горниот дел од телото

Оваа вежба е одлична за истегнување на целиот рбет. Легнете на стомакот со нозете малку раширени, рацете свиткани на лактите, држејќи ги дланките на подот во рамна линија со рамената. Подигнете го горниот дел од телото, потпирајќи ги рацете, осигурувајќи се дека карлицата е закотвена на подот. Држете ја оваа позиција најмалку една минута. Иако вежбите за истегнување на ‘рбетот можат да помогнат во намалувањето на притисокот врз тој дел од телото, кога ќе се појави болка, единствено што сакате е да помине што е можно побрзо. И, треба да одговорите брзо, а не да чекате да се влоши болката и да трае премногу долго.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *