Научници направиле тест за откривање на карцином

2 август, 2020
karcinom

Група научници од Америка и Кина направија тест кој овозможува анализа на крвта на пациентот за откривање на карцином четири години пред да се појават симптомите, се вели во написот во научното списание „Nature Communication“.

Научниците во Кина собрале примероци на крв од пациенти кои се борат со рак во периодот од 2007 до 2017 година. Во истражувањето учествуваа повеќе од 120.000 луѓе, од кои беа земени повеќе од 1,5 милиони примероци од крв.

Покрај тоа, научниците зедоа анализи од луѓе на кои им беше дијагностициран карцином само неколку години откако донираа крв.

Тестот може да открие карцином на желудникот, хранопроводот, црниот дроб и белите дробови.