Научниците конечно го пронајдоа виновникот за тешките симптоми на Ковид – 19! Постои ли начин да се заштитиме?

20 ноември, 2020
47595123_303

Се чини дека науката го откри виновникот за најтешките симптоми од КОВИД-19 болеста, а тоа е човечкиот петидин брадикинин, кој може да биде одговорен за разни, а понекогаш и смртоносни симптоми забележани кај пациенти заразени со новиот вирус.

Лековите за контрола на брадикинин веќе постојат, и тие во моментов се тестираат на пациенти со Ковид-19 во цел на потенцијална терапија против болеста.

Брадикинин инаку помага во регулирање на крвниот притисок, а кај некои луѓе, се чини дека новиот вирус го турка производството на брадикинин „со петта брзина“.

Ова може да доведе до еден вид „бура брадикинин“ во човечкото тело, што пак резултира со низа симптоми кои се вообичаени кај КОВИД-19 болеста.

Ренука Рош од Универзитетот во Источна Мичиген вели дека таквата бура во човечкото тело може да објасни зошто се одделени толку многу аспекти на КОВИД-19, како што се болки во мускулите, поблага форма на болеста кај жените отколку мажите и склоност на Афроамериканците да развијат компликации како резултат на нови инфекции.

Тим американски научници објавија студија во месец јули во која проучувале израз на гени во примероци на белодробни течности земени од девет пациенти во Кина и ги споредиле наодите со примероците на група луѓе кои немале КОВИД-19.

Соодветно на тоа, кај пациенти со КОВИД-19 пронајдени се докази за преголема експресија на гените одговорни за производство на брадикинин, а кај неинфицираната група, намален израз на гените кои произведуваат ензими кои го држат брадикининот под контрола.

На сличен начин, брадикининот може да ја сруши бариерата помеѓу крвта и мозокот, што укажува на можна причина за збунувачките невролошки симптоми на болеста.

Канадскиот експерт Џо Пенингер смета дека хипотезата за брадикинин има смисла бидејќи новиот вирус ги напаѓа рецепторите на АКЕ-2 во клетките, а тие се исто така одговорни за зауздување на нивото на брадикинин.