Научниците пронашле начин како да се намали ризикот од заразување со Ковид 19, но само кај жените!

18 декември, 2020
shutterstock_1678260511-910x607

Ризикот од заразување со корона може да се намали со земање мултивитамини, витамин Д, пробиотици и омега-3 масни киселини. Сепак, ефектот на овие витамини може да се забележи само кај жените, велат научниците.

Намалувањето на ризикот беше постепен и се движеше до 9 проценти за витамин Д; до 14 проценти за пробиотици и мултивитамини и до 12 проценти за омега-3.

Прашањето за влијанието на витамини и додатоци на исхраната во исходот од борбата против коронавирусот го истражуваа научници од САД, Шведска и Велика Британија под раководство на Кристина Менеј од колеџот Кингс во Лондон.

Над 1,4 милиони корисници на апликацијата COVID Symptom Study од Велика Британија, САД и Шведска одговорија на прашања во врска со употребата на додатоци за време на пандемијата. Нешто помалку од половина од нив имале позитивен PCR или серолошки тест за Covid 19. Податоците покажаа дека мултивитамини, витамин Д, омега-3 и пробиотички додатоци имаат мал, но статистички значаен заштитен ефект против Covid 19.

escort - Korsan taksi