Нè очекува Ковид 20? Научниците укажуваат на голема опасност во врска со Корона вирусот!

15 ноември, 2020
839609_korona-virus-maska_ls


Мутираниот вид на коронавирус може да се прошири и на други животни, како што се стаорци, глувци, глодари а потоа повторно да се врати кај луѓето, предупредуваат експертите.

Директорот на организацијата „Welcome Trust“ верува дека со префрлување на други животни, мутираниот вид на вирусот корона може да се врати кај човечката популација во иднина. Европскиот центар за контрола и превенција на болести наведува дека мутиран вид на коронавирус може да се пренесе од животни на луѓе.

Европската агенција за безбедност на храна тврди дека ризикот од пренесување на мутирани видови на вирусот Сарс-КоВ-2 преку животните и нивните производи е многу мал, но дека е важно луѓето да избегнуваат близок контакт со фарми. Светската организација за здравје на животните ги повика земјите да следат сомнителни видови, како што се кучиња и ракуни, заедно со луѓе кои се во близок контакт со нив, поради потенцијалните ризици по јавното здравје.

Научниците во Данска минатата недела предупредија дека мутиран вид на вирус пронајден во фармите може да ја намали ефикасноста на вакцините за Ковид 19. Над 200 лица во Данска биле заразени со мутиран вид на вирусот корона откриен меѓу животните, а властите во оваа земја се особено загрижени за еден вид што бил откриен кај 12 лица. Во овој вид на вирус, се јавува мутација на протеинот што е цел на вакцините што се развиваат во моментов.

Професорот Андерс Фомсгард од Институтот во Копенхаген наведува дека мутациите се случуваат цело време, но само понекогаш во протеинот кој е мета на вакцините. Светската здравствена организација тврди дека овие извештаи се загрижувачки, но потребни се дополнителни истражувања за да се разберат импликациите врз коронавирусните лекови и вакцините.