Не постои универзална идеална тежина: Откријте ја вашата идеална тежина според висината, градбата и возраста!

26 јуни, 2020
фгдгдф


Кај одредени луѓе, идеалната тежина е доста различна од здравата телесна тежина, и тука се јавува проблемот. Треба да знаете дека целта не е да одржувате долготрајна диета која ќе го осиромаши вашето тело и ќе го влоши вашето здравје. Вашата идеална тежина не треба да претставува слика на слаб модел, туку треба да подразбира нормален и привлечен изглед во кој се чувствувате добро, физички и психички. Светската здравствена организација пропиша одредени стандарди и индикатори кои можат да ни помогнат да утврдиме дали нашата тежина е идеална. Ова првенствено се однесува на индексот на БМИ или индексот на телесна маса.

Што е индекс на телесна маса? Индекс на телесна маса (БМИ) е број кој ни ја покажува врската помеѓу нашата тежина и висина, земајќи ги предвид полот и возраста. Постојат и специјализирани калкулатори за пресметување на БМИ, во кои е можно дури да се внесат информации за составот на телото. Постојат неколку различни БМИ табели кои покажуваат различни категории на тежина во однос на одредени параметри. Овие табли ќе ви дадат информации дали сте во една категорија или на границата со друга категорија.


Зошто е важно да се знае нашата идеална тежина

Во време кога изгледот е многу важен и кога секојдневно гледаме безброј познати личности во медиумите, јасно е дека губиме на вистинската перцепција кога станува збор за изгледот. Честопати може да ни се чини дека изгледаме дебели во однос на нив, а всушност нашата телесна тежина е сосема нормална. Затоа никогаш не треба да се споредувате со другите луѓе, туку да гледате на себеси како посебна и единствена личност.

Разликувајте го концептот на дебелина со концептот на вишок тежина. Значи, да имате неколку вишок килограми е една работа, а да се биде дебели е нешто сосема друго. Малку се луѓето кои можат да одржат идеална телесна тежина цело време, и затоа често може да се случи да имаме неколку килограми повеќе. Ова не е здравствена состојба што бара одење на лекар, доволно е само да ги интензивирате физичките активности и да се грижите за вашата диета.