Не сте сигурни дали патите од опсесивно-компулсивно пореметување? Овие 5 знаци ќе ви ја откријат вистината

30 јули, 20200
Annotation 2020-06-13 16333

Се манифестира на различни начини. 

Постојат многу видови психички пореметувања, што секако, не значат дека сме катастрофално болни, или за во лудница.

Многумина, на самото споменување на било кој вид пореметување, тоа веднаш го поврзуваат со тоа дека со таа личност нешто страшно не е во ред, па таа често е и исклучена од друштвото.

И затоа е толку важно да се зборува за видовите на пореметувања и да се упатат луѓето кое што претставува.

Опсесивно компулсивното пореметување кое обицно се нарекува “OCD” е пореметување на менталното здравје кое се карактеризира со силен нагон за повторување на одредено однесување или процес. Тоа е состојба која е класифицирана како анксиозно пореметување, Бидејќи анксиозноста е тоа што ги создава и покренува нагоните, луѓето со OCD да мораат да го повторуваат компулсивното однесување.

Присилното однесување може да опфати неколку работни и ментални процеси како повторување зборови, броење или пронаоѓање секвенци, проверки за заклучена врата или непрестајно чистење на домот и организирање. На умерено ниво, таквото однесување би можело да биде нормално, па дури и корисно за луѓето, но за луѓе кои имаат OCD, овие опсесивни нагони и шаблони на однесување почнуваат да го превземаат нивниот живот.

Еве кои знаци укажуваат на опсесивно-компулсивно пореметување:

  • Вашите мисли се анксиозни, наметливи и тешко е да ги прекинете.    

“Опсесиите” во OCD ги опишуваат идеите кои доаѓаат во човековиот ум и од кои е тешко или наизглед невозможно да се ослободи.   Овие мисли можат да бидат за различни работи, но имаат тенденција да се фокусираат на вашите стравови или повредувања, страв од повредување на другите или страв од разни други исходи.

  • Морате да повторувате некои активности како би се ослободиле од стресот и анксиозноста

Кај OCD често се јавува потреба да се направи нешто доста специфично за ублажување на анксиозноста и чувството на контрола.  За некои тоа би можело да биде нешто надворешно како миење раце или уредување на нешто во нивниот дом. За други, оваа акција може повеќе да биде ментален процес, како повторување на некој збор или фраза или одбројување до некој број.

  • Не можете да ги контролирате своите мисли и постапки и тоа ви смета  

Луѓето со опсесивно-компулсивно пореметување често не можат да ги контролираат своите идеи и често чувствуваат бегство од своите мисли. Исто така чувствуваат недостаток на контрола над своето однесување, најчесто  заради потребата да повторуваат одредена работа кога ќе се појави одредена идеа или анксиозност.

  • Загрозена дневна рутина

Луѓето со OCD истакнуваат дека опсесивните мисли и компулсивното однесување почнуваат да ја превземаат нивната рутина, создавајќи пореметувања во нивната способност да завршат одредени задачи, да бидат на време на некое место и да ги исполнат очекувањата.          Ова посебно се однесува на времето кога личноста е под стрес или чувствува зголемена анксиозност.    

  • Чувство на страв заради сопствените мисли

Луѓето со OCD често кажуваат дека нивните мисли ги вознемируваат, дека се плашат или срамат од нив. Често луѓето со ова пореметување сметаат дека тие мисли на некој начин го отсликуваат нивниот карактер, но во реалнота тоа не е вистина.

Ако приметите било кој од горенаведените знаци или симптоми, неопходно е да поразговарате со стручно лице кое ќе увиди дали навистина имате опсесивно-компулсивно пореметување.

Добра вест е што ова пореметување е во голем процент излечиво, и пациентите со помош на стручно лице можат да стекнат стратегија и вештини за справување со своите симптоми. На тој начин, ова пореметување нема да може да го загрози нивното секојдневие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi