Непријатна вест за мажите: Откриено е дека Ковид 19 може да влијае на плодноста, вирусот е пронајден и во тестиси на пациент

13 ноември, 2020
kanser-tedavisinde-sperm-kullanilabilir-1513424854


Мажите кои се заразуваат со коронавирус, исто така, можат да имаат нови потенцијални проблеми, бидејќи новото истражување објавено во научното списание World Journal of Men’s Health покажа дека Ковид-19 исто така може негативно да влијае на нивната плодност. Истражувањето е спроведено од научен тим од Универзитетот во Мајами и открило дека Ковид-19 може негативно да влијае на плодноста кај мажите, исто како и сексуално преносливите болести.

Истражувачите проучувале примероци од ткиво на тестиси добиени со биопсија на шест мажи кои починале од Ковид 19. Тие всушност беа зачудени кога пронајдоа нов коронавирус во ткивото на тестисите кај овие мажи, но тоа не е сè. Утврдено е дека кај 28-годишен маж, кој не покажал симптоми на КОВИД-19, имало вирус САРС-КоВ-2 во тестисите. Мажот бил тестиран за неплодност, па била извршена биопсија на тестисите.

Студијата исто така се обиде да открие колку вирус е потребен во тестисите за да се пренесе сексуално. 20 до 30 проценти од мажите би можеле да имаат проблеми со плодноста некаде во иднина, објаснува др. Ранџит Рамасами, раководител на репродуктивна урологија на колеџот Милер на Универзитетот во Мајами. Тој исто така рече дека мажите кои се опоравиле или се заразени со коронавирус, дефинитивно треба да посетат уролог, особено ако чувствуваат болка во тестисите. Оваа болка, заедно со другите симптоми, може да биде показател дека вирусот влегол и во тестисите на пациентот. Тој исто така препорачува мажите да направат анализа на ејакулатот.

escort - Korsan taksi