Неверојатно откритие на научниците: Ракот може да се препознае и открие по смеењето?

6 декември, 2020
kanser-nedir-min

Ракот на белите дробови може да биде асимптоматски подолго време, но понекогаш може да се препознае преку индиректни сигнали, како што е смеењето, пишува весникот The Daily Express повикувајќи се на Американското здружение на онколозите.

Еден од вообичаените симптоми на овој вид карцином е болката во градите која се влошува кога заболениот се смее. Тој симптом може да покажува на блокада на белите дробови, насобирање течности, отечени лимфни јазли и отоци. Покрај тоа, болката може да се влоши и при длабоко дишење и кашлање, предупредуваат лекарите.

Меѓу другите вообичаени симптоми, лекарите разликуваат долготрајна кашлица придружена со крварење, засипнатост, губење апетит, губење на тежината без особени причини, отежнато дишење, чувство на замор или слабост, како и постојано повторување на заразни болести, како што се бронхитис или пневмонија.

Доколку се погодени и други органи, пациентот може да доживее болка во коските, невролошки симптоми како што се главоболка, вкочанетост на екстремитетите, проблеми со рамнотежата, напади, како и пожолтување на кожата и очите и отечени лимфни јазли.

Кај пациентот, исто така, може да се јави и оток на прстите и оток на зглобовите, како и оток во градите и силна болка во рамото која се проширува на раката. Кај, него исто така се појавува слабост, вртоглавица, конфузија, а при развојот на туморот во горниот дел од белите дробови панкост има опуштање или слабост на едиот очен капак, намалување на зеницата на едното оо и престанок на потењето на едната страна од лицето.

Како што предупредуваат лекарите, многу од овие симптоми се својствени и за други болести. Во исто време, лекарите нагласуваат дека колку порано е можно да се идентификуваат ракот, толку е поголема веријатноста заболувањето да се излекува.