Никогаш не би ви паднало на памет… Како ДА СПРЕЧИТЕ НАПАД НА ПАНИКА за една секунда?

11 јуни, 2020
napad

Сјаен трик кој ќе ви помогне да се изборите со анксиозноста.

Британка која цел живот се бори со напади на паника го сподели со светот овој трик кој вели дека и помага. Нејзината “финта” ја испробаа многумина и велат дека навистина делува.

Паничниот напад се опишува како чувство на ненадеен и силен страв, кој ве “обзема” во било кој момент и на било кое место, а не е предизвикан со некаква реална опасност. Лицата кои патат од напад на паника, стравот го опишуваат како парализирачки, а симптомите кои ги чувствуваат се: забрзано чукање на срцето, забрзано, кратко и отежнато дишење, треска, чувство на гушење, болка во градите, мачнина и болка во стомакот, вртоглавица, ледена пот и бранови на топлина, вкочанетост на телото… 

Во случај таков ирационален страв да се јави најмалку два пати, а вие константно се грижите, избегнувате ситуации во кои истиот би се случил, може да се посомнева дека патите од анксиозност (анксиозно пореметување).

Иако секој од нас во некои моменти чувствува екстремна вознемиреност, според дефиницијата на Меѓународната здравствена организација лицата со панично пореметување РЕДОВНО се чувствуваат анксиозно, под стрес се или чувствуваат паника во ситуации кога за тоа нема реални причини.

Кога ќе настапи паничен напад, препораката е да не се борат со нападот, туку да дишат полека и длабоко и да се потсетуваат дека нападот ќе помине, да се фокусираат на позитивните мисли и “убави слики”.

Британка која пати од чести панични напади, откри еден едноставен и брз трик кој вели дека секогаш и помагал кога се чувствувала анксиозно, а за кој слушнала од своето момче.

Еве во што е штосот…Се што ви е потребно е коцка мраз. Кога ќе почувствувате дека нападот “почнува” веднаш ставете ја коцката во уста. Така ќе го збуните мозокот нема да знае што го снашло, па нема да се “занимава” со надоаѓачкото чувство на паника туку со чувството на ладно на јазикот.