НОВА БРИТАНСКА СТУДИЈА ЗА КОРОНА! Имунитетот трае половина година, а еве како поминуваат оние кои повторно ќе се заразат!

3 ноември, 2020
корорма

Реакцијата на Т-клетките е појака кај луѓето кои имале потешки симптоми отколку кај оние кои имале мали или воопшто немале.

Студијата спроведена на 100 пациенти со Ковид-19 во Велика Британија покажа дека луѓето кои поминале со лесна или асимптоматска форма развиваат имунитет што може да трае и до шест месеци. За време на презентацијата на резултатите од истражувањето, научниците истакнаа дека тоа не значи дека луѓето не можат повторно да се инфицираат.

„Додека овие резултати нè прават претпазливи оптимисти во врска со силата и времетраењето на имунитетот стекнат по заразување со вирусот САРС-КоВ-2, тие се само едно парче од сложувалката“, рече Пол Мос, професор на Универзитетот во Бирмингем, додаде дека да се знае како имунитетот влијае на вирусот треба да се направат уште многу истржувања.

Студијата вклучува анализа на примероци од крв од 100 пациенти шест месеци откако тие ја надминале лесната или асимптоматска форма на болеста. Резултатите покажаа дека нивото на антитела опадна, но Т-клетките останале силни, пред се кај лицата кои развиле симптоми на болеста.

Покрај тоа, студијата покажала дека реакцијата на Т-клетките е различена и дека е значително посилена кај луѓето кои имале тешки симптоми отколку кај оние кои немале никакви симптоми кога се заразиле. „Овие резултати покажуваат дека неколку месеци по инфекцијата, иако нивото на антитела паѓа, сепак постои одреден степен на имунитет на болеста“, рече Чарлс Бангам, претседател на Одделот за имунологија, додавајќи дека ова е добра вест на долг рок, во смисла на развој на вакцините.


Иако повеќе од 46 милиони луѓе биле заразени со Корона ширум светот, има многу малку потврдени случаи на реинфекција.

escort - Korsan taksi