Oслободете се од кашлицата на природен начин

3 април, 20200
honey-and-lemon

Кашлицата не секогаш значи проблем со белите дробови.

Постојат голем број на лекови кои ја третираат кашлицата предизвикана од алергии. Доколку имате кашлица предизвикана од бактериска инфекција,потребно е да земете антибиотик.

Дали сте знаеле?

– Кашлицата е важен човечки рефлекс кој ги штити дишните патишта и белите дробови од иритации.

– Повремена кашлица е нормална појава. Таа помага да се прочистат грлото и дишните патишта од бубачки, мукус и прашина.

– Константна кашлица пропратена со други симпроми како недостаток на воздух, секрет или кашлица со крвава плунка може да индицира сериозен медицински проблем.

-Константната кашлица е чест респираторен проблем, но исто така може да биде знак за срцева болест, проблеми со стомакот и нервозни црева.

Лекови за кашлица

Луѓето не бараат домашни лекови за да ја излечат кашлицата сами. Тие бараат едноставни домашни третмани за да го подигнат имунитетт и да му помогнат на телото да се избори со она што ја предизвикува кашлицата. И тука во игра влегуваат домашните природни лекови

1. Мед за кашлица

Потребни состокји

– 2 лажички мед

– чаша со топла вода

– ½ лажицчка цимет

Процедура 1

1. Земете чаша со топла вода

2. Додадете 2 лажички мед во неа

3. Промешајте убаво

4. Испијте полека

Постапката можете да ја повторите три пати дневно

Процедура 2

Измешајте ½ лажичка цимет со една лажичка мед и проголтајте пред да си легнете. Можете да го конзумирате само еднаш дневно, пред спиење.

Придобивки

Медот има масна структура и благ алкохол како соединенија кои помагаат да се надмине кашлицата. Помага за подобро спиење и за ослободување од секрет.

2 Ѓумбир за кашлица

Потребни состојки

2 цм ѓумбир исецкан на ситни парчиња

Чајник

½ литар зовриена вода

Процедура:

1. Зовријте ја водата во чајниког

2. Додадеде го ѓумбирот

3. Оставете го ѓумбирот да отстои во вода 5-7 минути

4. Испијте

Можете да го конзумирате два пати дневно- еднаш наутро и еднаш пред спиење. Можете да додадете и мед.

Придобивки

Ѓумбирот е оксидант и има антивоспалителни карактеристики. Ѓумбирот помага за полесно дишење, ги релаксира мускулите и го разбива секретот.

3. Чај од лопен за кашлица

Чајот од лопен или кралско цвеќе е традиционален лек за многу состојби поврзани со респираторниот тракт

Потребни состојки

– 1 шоља зовриена вода

– 2 лажички сушени листови од лопен

– Сад за вриење вода

Процедура

1. Ставете шоља со вода во тенџере

2. Зовријте ја водата

3. Додадете 2 лажички сушени листови од лопен

4. Оставете да отстои 10 минути

5. Отстранете ги листовите

Испијте го чајот и почувствувајте олеснување во истиот момент.

Чајот може да се пие три пати на ден.

Чајот од има “сапонини” кои помагаат да се ослободите од секретот  а исто така ги оменкува и мукозните ткива.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *