Останувате во мокар костим за капење? Еве зошто е тоа штетно за вашето здравје!

5 јули, 20200
fsdfsdfsd


Голем број на студии покажаа дека мокрите костими за капење се главните „собирачи“ на штетните организми и причините за бројните инфекции и воспаленија на мочниот меур. Гинекологот Алиса Двек тврди дека габите и бактериите растат во влажни и темни области како што се костуми за капење или облека за вежбање. Ослабениот имунитет кај жени кои имаат дијабетес или земаат одредени лекови и носат влажни костуми за капење подолго, се повеќе подложни на инфекции. Внатрешноста на костимот за капење е влажна и топла што создава идеално подрачје за формирање на бактерии. Материјалите за костум за капење апсорбираат разни хемикалии и бактерии кои се наоѓаат во базени или море. Откако ќе излезете од водата, вашите гениталии се во контакт со сите штетни материи што остануваат во костумот за капење. Ова го нарушува балансот на добрите бактерии во вагината и може да внесе штетни бактерии во уретрата и да предизвика разни болести како што се вагинитис и воспаление на уринарниот тракт.

Бидејќи габите се размножуват во топли и влажни области, влажните костими за капење можат да предизвикаат габични инфекции кај жените. Според универзитетските болници, множењето на бактерии во влажни костуми за капење предизвикува раст на габи во вагината или вулвата, што предизвикува непријатни симптоми како што се горење и пецкање. Најчестите придружни симптоми, според гинекологот, се сериозно чешање во внатрешниот или надворешниот дел од вагината и белиот исцедок.

Инфекцијата е многу слична на габична инфекција, а симптомите кои укажуваат на тоа се чешање и осип на подрачјето на вагината црвенило и лупење на кожата. Во сите услови, се советува посета на гинеколог со цел да се утврди со брис која инфекција е за да се добие соодветна терапија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *