Откријте сами дали сте биле изложени на вирусот, ако се сомневате – контактирајте го вашиот лекар!

9 декември, 2020
000_8WD3QF


Со оглед на фактот дека има многу луѓе кои „го преминуваат“ ковид-19, односно не развиваат никакви симптоми на болеста, но можат да ја шират, постојат начини да откриете дали сте биле изложени на вирусот.

1.Отидовте во кафулиња
Угостителските објекти се означени како места со висок ризик, бидејќи собираат голем број луѓе, кои зборуваат гласно, не носат маски, а вентилацијата не е најдобра во сите случаи.

2.Имавте домашен собир
Дури и ако постојано носите маска кога сте надвор, можно е да сте изложени на корона вирус во вашиот дом. Имено, докажано е дека семејните собири се местата каде најмногу се шири корона вирусот, па ако сте биле заедно со повеќе од 10 лица во ваш или во некој друг дом, голема е веројатноста дека сте биле во контакт со вирусот, предупредува водечки американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи.

3.Имавте гостин од друг град или држава
Ако, покрај семејни собири, сте имале гости кои не се од вашето место или држава, многу веројатно може да заклучите дека сте биле изложени на вирусот, особено ако вашите гости патувале со јавен превоз.

4.Сте биле во близок контакт со некој што добил позитивен наод
ЦДЦ апелира секој што не бил позитивен на ковид-19 во последните три месеци да изолира 14 дена доколку бил во близок контакт со некој што подоцна добил позитивен тест. Близок контакт дефинира престој повеќе од 15 минути на растојание од помалку од два метра од некого, грижа за лице со ковид-19, директен физички контакт како бакнеж или прегратка, споделување храна и пијалок или да се биде во нивна близина додека кашлаат.

5.Имате било какви симптоми
Ако почнете да се чувствувате болни, дури и ако станува збор за затнат нос или лесна кашлица, тоа може да биде ковид-19. Иако најчестите симптоми се треска, отежнато дишење, сува кашлица и губење на вкус и мирис, постојат низа други различни симптоми на вирусот. Ако се чувствувате омалаксано, немојте веднаш да претпоставите дека е обична настинка и да ги изложувате другите на инфекцијата. Тестирајте се и самоизолирајте веднаш за да спречите ширење на вирусот.

Во секој случај, ако се сомневате дека сте биле изложени на вирусот, веднаш контактирајте го вашиот лекар кој ќе ви каже што понатаму.