Отров како лек! Ова ги уништува клетките на ракот на дојката!

2 септември, 2020
pcela

Резултатите од австралиска студија која ги истражуваше антиканцерогените својства на пчелниот отров и неговата основна компонента – мелитин на различни видови клетки на рак на дојка, покажаа дека тој „исклучително ефикасно“ ги уништува агресивните клетки на рак на дојка, кои тешко се лекуваат.

Колаборативна студија на Институтот за медицински истражувања Хари Перкинс и Универзитетот во Западна Австралија користеше отров од 312 медоносни пчели и бумбари за да ги испита неговите антиканцерогени својства на клинички подвидови на рак на дојка, вклучително и троен негативен карцином на дојка (TNBC) , во кои опциите за третман се ограничени.

Членови на австралискиот тим, предводен од млад научник др. Сиара Дафи откри дека отровот и неговата главна компонента мелитин не само што брзо предизвикаа смрт на „троен негативен карцином на дојка и HER2 клетки на рак на дојка“, но тие успеаја да го постигнат тоа во концентрации што не им штетат на нормалните клетки.

TNBC е редок облик на рак на дојка и опфаќа само 10-15% од сите случаи, соопшти Институтот. Тоа е еден вид карцином на дојка во кој рецепторите на естроген и прогестерон не се присутни на површината на туморските клетки ниту, пак, ХЕР2 протеинот е премногу експресиран. Затоа, механизмите што го поттикнуваат растот и поделбата на овој вид рак се во голема мера непознати и овој вид рак е крајно тежок за лекување. Во моментов нема клинички ефикасни насочени третмани за TNBC, опциите за третман се ограничени, а прогнозата честопати е слаба.

“Откривме дека пчелиниот отров е исклучително моќен. Откривме дека мелитин успева целосно да ги уништи мембраните на клетките на ракот во рок од 60 минути”, напиша др. Дафи во објава на веб-страницата на Институтот во средата.

Во исто време, мелитин имаше уште еден извонреден ефект – за само 20 минути, значително ги намали хемиските пораки на клетките на ракот, клучни за растот и поделбата на клетките на ракот.

Австралискиот научник, проф. Питер Клинкен коментира дека студијата сугерира дека мелитин успева да ги наруши сигналните патишта во клетките на дојката и со тоа да спречи размножување на клетките.

Студијата тестираше дали мелитин може да се користи во комбинација со постоечки хемотерапевтски лекови за лекување на високо агресивни видови на рак на дојка.

Д-р Дафи објасни како таа и колегите откриле дека мелитин создава дупки во мембраните на клетките на рак на дојка, потенцијално дозволувајќи им на другите третмани да влезат во клетките на ракот за дополнително да влијаат на смртта на клетките.

Техниката на комбинирање на „мелитин и доцетаксел (хемотерапевтски лек) се покажа како исклучително ефикасна во намалувањето на растот на туморот кај глувците“, рече Дафи.

Резултатите од студијата беа објавени во стручното списание Nature Precision Oncology.