Ова се знаците кои укажуваат дека сте претерале со вежбањето

19 јуни, 20200
268329-P55ZJ9-801-1536x1024

Редовната физичка активност е многу важна за целиот наш организам – за формата и состојбата, физичкиот изглед, здравјето, но и за менталната состојба. Секогаш имаме повеќе придобивки од вежбањето. Сепак, исто како што треба да бидете умерени за сè во животот, ист е случајот и кога станува збор за вежбањето.

Преголемиот и напорен тренинг може да остави сериозни последици врз нашето тело, а експертите предупредуваат дека треба да научиме да препознаваме јасни сигнали кога навистина ни е доволно.

Мускулите ви се постојано воспалени

Воспалението на мускулите е целосно очекувана реакција поради напорите што ги вложуваме за време на тренингот. Сепак, воспалението на мускулите се смирува по неколку дена, а со текот на времето станува многу понеинтензивно. Меѓутоа, ако постојано чувствувате мускулен напор, болка и замор, тогаш е многу веројатно мускулите дека ги изложувате на поголем напор отколку што можат да поднесат. Не е невообичаено да се доживее и благо покачување на температурата.

Чести повреди

Повредите се нешто што секогаш треба да се избегнува кога станува збор за вежбањето. Ако забележите дека имате одредени повреди или состојби како што се болка во коленото, рамото, итн. континуирано присутни, тогаш тоа е уште еден знак дека претерувате со вежбањето.

Проблеми со спиењето

Тренингот со висок интензитет влијае на хормоналните промени во телото, кои се претежно позитивни. Меѓутоа, ако вежбаме толку многу што телото не успева да се опорави, тогаш последиците за физиолошките процеси во нашето тело се чести, а една од клучните е секако спиењето. Нарушувањето на сонот има голем број на несакани ефекти.

Опаѓање на косата, тенки и кршливи нокти

Прекумерното вежбање е стрес за организмот, поради што ваквите последици не се невообичаени. Ние додека вежбаме трошиме минерали и витамини, а не успеваме да ги надокнадиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi