Овие 4 витамини го зајакнуваат имунитетот и помагаат во борбата со корона вирусот

25 декември, 2020
images


Научивме многу за ковид-19 во текот на изминатата година, а некои витамини можат да го зајакнат вашиот имунитет што може да ја олесни борбата против коронавирусот. Неодамнешните студии покажаа дека витаминот Д игра важна улога во борбата против ковид-19. Доктор Питер Озборн ве советува да направите крвни тестови за да го проверите нивото на витамини во организмот.

Тој додаде дека луѓето кои добиваат ковид и имаат ниско ниво на витамин Д, најверојатно, ќе завршат на апарати за дишење и затоа советува дека треба да се внесат доволни количини на витамини за време на пандемија.

Нивото на витамин Д опаѓа во зима затоа што сме помалку изложени на сончева светлина. Потребни се 20 минути сончева светлина на ден за да внесете доволно витамин Д во организмот. Д-р Озборн верува дека витаминот Д е еден од наједноставните и достапни начини да ве заштити за време на пандемија на коронавирус.


“Витаминот Д е многу ефтин. Можете да го купите во локална аптека, а тоа само може да ви го спаси животот ако се разболите”, рече др. Озборн . Покрај тоа, ги охрабрува луѓето да земаат четири додатоци за зајакнување на имунитетот за време на епидемија, а тоа се:

1. Витамин Д – Можете да го проверите нивото на овој витамин во организмот со едноставни тестови на крвта.

2. Витамин Ц – Неколку студии покажаа дека поради витамин Ц едно лице може да има подобри резултати по добивање на ковид.

3. Цинк – ја запира репликацијата на вирусот на неколку начини и спречува вирусот да влезе во клетката, затоа цинкот во моментов е многу важен.

4. Кверцетин – тоа е многу силна антиоксидантна супстанца која покажала различни позитивни ефекти врз човечкото тело. Кверцетинот ги отвора клетките во вашето тело, така што цинкот може да влезе во нив, а потоа да дејствува.