ОВИЕ НАВИКИ ЌЕ ВИ ГО СКРАТАТ ЖИВОТОТ, А РЕЧИСИ СИТЕ ГИ ИМАМЕ!

25 јуни, 20200
naviki

Треба да ги исфрлите за ЗАСЕКОГАШ!

Јадењето доцна во ноќта може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип II. Пресолена храна може да предизвика проблеми со бубрезите и срцето, а воедно е и една од најчестите причини, за смртни случаи поврзани со исхраната.

Не ги миете рацете доволно или правилно? Како резултат на тоа , вие сте подложни на бактерии и вируси, односно болести кои се развиваат од бактериите кои се наоѓаат на валканите раце.

Не користите забен конец? Веднаш вклучете го во вашата дневна навика бидејќи со него се намалува бројот на бактерии во устата. Со него ќе спречите воспаление на непцата кое може да предизвика здравствени проблеми што можат многу лошо да се одразат на вашето здравје.

Ако ги гризете ноктите, тоа е навика која не само што естетски е прилично одбивна, туку е и ризична за здравјето. На овој начин, можете да внесете бактерии од групата стрептококи или стафилококи. Бактериите можат да навлезат во крвотокот и да предизвикаат сепса.

Не можете да одолеете на стискање на мозолче? Не правете го ова затоа што ова ќе остави отворен простор за бактерии кои можат да создадат уште поголеми проблеми на вашата кожа, но и во вашето тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *