Овие пет навики се главни виновници за непрекинато чувство на замор и недостаток на енерија

5 април, 20200
5 naviki

ВЕРУВАМЕ дека веќе сте го промениле мислењето дека сте уморни од работа со полно работно време пет дена во неделата и чувствувате дека ви недостасува време за одмор.

Но, тоа не мора да биде така. Дури и со осум часа работа секој ден, верувале во тоа или не, може да се чувствувате свежо и одморено и да имате време за различните активности во кои сакате да учествувате. Ако од ден на ден чувствувате хроничен замор, голема е веројатноста дека овие лоши навики ви го предизвикуваат ова чувство на немоќ.

1. Нездраво и недоволно спиење

Покрај тоа што навистина треба да внимавате секоја ноќ да спиете осум часа, важно е и како спиете. Квалитетниот сон ги исклучува сите технолошки направи, светлината и грицките пред спиење или покрај креветот. Единственото што нема да ви го наруши сонот е чаша обична вода.

2. Недоволен внес на течности

Дури и минималната дехидратација може да доведе до пад на енергијата. Бидете сигурни дека го следите внесот на течности и никогаш не ја заменувајте водата со било каков сок.

3. Нездрава исхрана

На вашето тело му треба добро гориво за да функционира правилно. Јадете колку што е можно повеќе свежо овошје и зеленчук, јадете храна богата со протеини и внимавајте на внесот на јаглени хидрати.

4. Премногу внес на шеќер

Оваа навика се надоврзува на претходната. Дефинитивно треба да избегнувате рафиниран шеќер колку што е можно и да ги замените сите нездрави закуски и чоколади со јаткасти плодови и зеленчук.

5. Стрес

Еден од главните виновници за болести и недоволна енергија е стресот. Обидете се да се борите против стресот на секој можен начин и да се опуштите со медитација, топла бања или што и да е друго што е вас ви одговара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi