Овој моден додаток никако не го носете додека трае епидемијата: Се наталожуваат бактерии

17 април, 2020
prsten 3

Студијата објавена во 2018та година, спроведена на Универзитетот во Џорџија, откри дека кога здравствените работници носеле прстени на своите работни места, деловите каде што прстените ја допираат кожата претставуваат „заштитено подрачје каде што бактериите можат да се размножуваат“.

Исто така, студијата открила дека луѓето кои не носеле прстени имаат подобар ефект на миење на рацете со повеќе убиени бактерии од оние кои носеле прстени.

Дезинфекцијата на рацете со средства за дезинфекција е исто така помалку ефикаснo ако се носат прстени. Една студија од 2003та година открила дека медицинските сестри кои носеле прстени и употребувале средства за дезинфекција, користеле марамчиња за дезинфекција или миелет раце со антибактериски сапун, потоа имале повеќе бактерии на рацете од оние кои не носеле прстени и изведувале исти хигиенски практики.

Прстенот што се отстранува од прстите, пред да се врати назад, исто така мора да се измие.

„Ако прстенот е контанимиран и го вратите на прстите откако ќе ги измиете рацете, повторно сте ги контаминирале рацете“, рече Луси Вилсон, професорка во одделот за итни случаи на Универзитетот во Мериленд.