„Пеколниот“ готвач многу едноставно симна 25 килограми ? Прочитајте како!

6 април, 20200
Gordon Pamzi

53-годишниот британски готвач Гордон Рамзи веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста поради неговото неверојатно губење на тежината. Иако е вистински гурман, тој успеа да изгуби 25 килограми. Благодарение на необичниот трик, вели тој, бил во можност да го тргне вишокот килограми со кој се бореше со години.

Овој татко на петмина тежел 115 килограми, поради што почнал да ја губи самодовербата. Тој сакал да биде привлечен за неговата сопруга Тања, па затоа го зголемил бројот на оброците во текот на денот. „Порано јадев обилен појадок, ручек и вечера, а сега јадам пет оброци на ден. Пазам да јадам помали закуски и да сервирам сè во помали чинии“, рече тој за денешната емисија.

Ова му помогнало да ја трансформира линијата и да ги изгуби вишокот на килограми. По неколкумесечна нова рутина, вагата покажала дека тежи 90 килограми.

„Бев загрозен. Немав фигура, не се чувствував добро. Се погледнував во огледалото и ќе се запрашав себеси како да излезам од оваа ситуациј “, изјави тој за „Тајмс“ во интервјуто.

Денес, тој гордо се фали со своето извајано торзо, а фановите ја забележаа разликата и го наградија со комплименти.

„Никогаш не сте изгледале подобро“, прокоментира еден корисник на Инстаграм откако Гордон објави фотографија од себеси во костим за капење со неговите двајца сина на плажа.

Рамзи не е единствениот познат готвач кој успеа да ја намали килажата. Џејми Оливер успеал да симне 12 килограми. Престанал да пие алкохол и го заменил месото со ореви полни со здрави масти, растителни влакна и протеини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi